Седумдесет и шестгодишник убиен во неговиот дом

Седумдесет и шестгодишник од Крива Паланка завчера бил пронајден починат во својот дом. Обдукцијата подоцна покажала дека се работи за насилна смрт односно убиство.

– На 21.11.2023, по извршена обдукција на телото на М.Д.(76) од Крива Паланка, кој бил пронајден починат во својот дом на 20.11.2023, во Институт за судска медицина и криминалистика Скопје констатирано е дека се работи за насилна смрт, односно убиство информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Оттаму додаваат дека ОВР Крива Паланка презема мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестЛевица: ДПМНЕ спремни за влада со ДУИ, за бугаризација и косоваризација на Македонија
Следна вестСтолтенберг: Има причини за загриженост во БиХ и Косово, но не гледаме воена закана за регионот