Столтенберг: Има причини за загриженост во БиХ и Косово, но не гледаме воена закана за регионот

Регионот е стратешки важен за НАТО, но има причини за загриженост, истакна генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, по завршувањето на неформалниот состанок на НАТО во Скопје.Toj како држави од регионот за кои постои загриженост ги посочи Босна и Херцеговина и Косово.

-Важно е да се избере дијалогот во однос на конфликтот и војната. Последните предлози за заедницата на српските општини во Косово може да биде важен чекор напред. Време е да се надминат регионалните конфликти, рече Столтенберг.

Сепак, Столтенберг е уверен дека во моментот не е видлива директна воена закана за регионот.

-Гледаме зголемување на тензиите, особено во Косово. Има тензии што се јавуваат и во БиХ, но не гледаме директна воена закана. Загрижени сме, но истовремено сметам дека треба да се препознае силата на НАТО. Имаме сојузници, кои се на овој состанок. Во Косово го зголемивме нашето присуство со речиси 1.000 дополнителни луѓе и со потешко вооружување и секако ние сме претпазливи и одблиску ја следиме ситуацијата. Тука повеќе сме за тоа како да се стабилизира нашето соседство. Затоа ми е корисно да седнам со сите лидери од регионот да ги споделам нашите процени за да сфатиме како да напредуваме, рече Столтенберг.

Претходна вестСедумдесет и шестгодишник убиен во неговиот дом
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: На онкологија свесно бил создаден хаос за да може некој да профитира