Селекторот Милевски: Задоволен сум, со оглед на двете победи

Селекторот на Фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, е задоволен со вчерашната победа на Фарски Острови со 1:0. Стрелец на голот беше Бојан Миовски во 82.минута од мечот.

– Ако подвлечеме линија после овие два натпревари, без разлика што овој денешниот беше пријателски, можам да бидам задоволен, пред сѐ од пристапот на играчите, енергијата, желбата…Сето тоа ми предизвикува задоволство и прави една добра база за тоа што нѐ очекува во јунскиот прозорец од квалификациите, изјави Милевски.

Додека селекторот на Фарски Острови, Хакан Ериксон, и покрај поразот изјави дека е релативно задоволен од тоа како одигра неговата селекција во целина.

– Не можам да бидам одушевен од поразот, но задоволен сум од тоа како одиграа фудбалерите. Во целина одиграа добро против еден квалитетен тим каков што е Македонија. На Фарски Острови се сака фудбалот, во секое село има црква и фудбалски терен. Вие еднаш ја победивте и Италија, зошто не би го повториле тоа, изјави селекторот на Фарски Острови, Ериксон.

Според него Македонија е селекција со голем технички потенцијал.

Претходна вестОпштина Карпош од денеска дава субвенции за возачки испит
Следна вестЗнаеме дека се скарани, ама со нивното натегање јавниот превоз во Скопје нема да тргне никаде