Адвокатот Мешари Селџимај изјави дека Аурона Пељај, која е осомничена дека физички ја нападнала 70-годишната Минире Нура во домот за стари лица во Пеќ, можеби побегнала во Германија, пренесува Коха.
Селџимај, кој е адвокат на семејството на постарата жена која била физички малтретирана во дом за стари лица, нагласи дека обвинителството се уште не поднело обвинение против неа.
– Според информациите што ги имам, Аурона Пељај можеби побегнала во Германија.
Така се зборува последните денови.
Обвинителството се уште не ги завршило своите истраги. Обвинителството се уште нема поднесено обвинителен акт до судот и судот се уште немал можност да ја повика Пељај. Таа мора да се појави со поканата, а доколку не се појави се преземаат мерки за распишување потерница“, изјави тој за Еуроњуз Албанија.



