Шест часа онлајн програма од МКЦ за новогодишната ноќ

Шест часа онлајн програма ќе емитува Младинскиот културен центар за новогодишната ноќ. Програмата предвидува концерти, диџеи, готвење, смеење, поезија, како и по некој поздрав и честитка од публиката на МКЦ. Оди под слоганот „Чао 2020“ на фејсбук страната на МКЦ, нивниот јутјуб канал и премиерно на скопската телевизија Едо.

Журката почнува во 20 часот а ќе настапат: Funk Shui, Стојче со диџеј сет од Берлин, Диџеј Фиц со специјален микс топла музика од Порто, Александар Велики, Дина Јашари, Васко Атанасоски, Суперхикс, Rush To Relax или Дамјан Маневски од зелената Љубљана, Atheist Rap со специјален биенален настап за МКЦ од Нови Сад, јавување од подземјето од Shock Troopers и малце ‘џез-че’ со Zulu 3.4.

Во делот одреден за хумор ќе настапат Vlad Ilich и Marko Dejanovic, нови, но супернадежни артисти во мегаконкурентниот свет на стендап-комичари.

Претходна вестПолицијата ќе ни упаѓа дома за Нова Година, ама кои се нашите права како граѓани?
Следна вестПроменливо облачно, температура до 12 степени