Шест години ја тепал, дрогирал и присилувaл сопругата на проституција

Шест години велешанец вршел насилство врз својата сопруга. Тој ја тепал, дрогирал и принудувал на проституција со повеќе лица во денот за што земал пари.

– Во временскиот период од 2016 до октомври 2022 година, 45-годишниот велешанец во повеќе наврати вршел семејно насилство врз својата сопруга. Со примена на сила, тепајќи ја и давајќи и дрога ја наведувал на проституција. Тој се договарал со различни лица па ја носел жената во Кавадарци каде што ја принудувал да има сексуални односи со неколкумина во ист ден, за што наплаќал парични средства, соопшти обвинителството.

Поради сомнение дека осомничениот може да се даде во бегство, особено поради високата запретена казна за овој вид на кривично дело во траење од најмалку 10 години, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор.​

Претходна вестПриватните специјализанти на Детската клиника без плата и со закана дека ќе им ги прекинат специјализациите
Следна вестМногумина во Скопје возат алкохолизирани и со мобилен во рака, казнети 162 возачи