Многумина во Скопје возат алкохолизирани и со мобилен во рака, казнети 162 возачи

Низ скопските улици и во текот на вчерашниот ден се забележани голем број сообраќајни прекршоци. Казнети се возачи кои возеле без возачка, под дејство на алкохол, со брзина поголема од дозволената…

–  Изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои 12 за возење повеќе од дозволената брзина, 12 за возење без возачка дозвола, 13 санкции за возење под дејство на алкохол, 12 за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за возач почетник, велат од МВР.

Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи се со цел да  се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестШест години ја тепал, дрогирал и присилувaл сопругата на проституција
Следна вестСкопјанка нападната од 39-годишен маж, ќерката сведочи: Има повреди на окото, вратот и раката