Шест нови заразени од 1.650 тестирани, нема починати

Во последните 24 часа, од направени 1.650 тестирање, регистрирани се 6 нови случаи на ковид-19, од кои Скопје – 5 и Кичево – 1.

Нема починати пациенти, а 27 се оздравени.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.716, бројката на оздравени пациенти е 150.100, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 130, од кои во Скопје 54.

Во 19 општини нема ниту еден активен случај.

Претходна вестЗлатко Марин не се предава – повторно ќе се кандидира за градоначалник на Аеродром
Следна вестСкопскиот урбанистички крш делува и на други градови