Шилегов и Богдановиќ се пофалија со зеленило, за ВМРО-ДПМНЕ тоа се жардињери, а не проекти

Со засадување на дрворед од 58 висококвалитетни садници покрај булеварот  „Гоце Делчев“  денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, симболично ја почнаа пролетната сезона на садење за оваа година.

На овој зелен коридор, од двете страни на коловозот и во средишното зеленило на булеварот „Гоце Делчев“, годинава ќе се засадат вкупно 571 садници, од кои зимзелени се 75, листопадни 28, а 468 садници грмушки. Изминатата 2020 година на овој потег се засадени вкупно 1013 садници, односно 150 зимзелени, 28 листопадни, и 835 садници грмушки и перени.

На ова реагира од ВМРО-ДПМНЕ. Шилегов и Богдановиќ денеска промовираа жардињери, наместо булевари и капитални проекти, се вели во реакцијата од опозициската партија и ги потсетија локалните власти на Скопје и Центар на неколку неостварени ветувања:

-На само 200 метри од местото каде промовираа жардињери и трева се наоѓа објектот дивиградба кој никој не смее да го спомне. Но и местото каде требаше да има нова раскрсница на повеќе нивоа. На само 500 метри од местото на кое денес беше Шилегов е тврдината Кале, каде требаше да има тунел, а кој го нема, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестПодгответе се, попладне доаѓа невреме со ветер и град
Следна вестРадев од Рим порача дека не прифаќа странски посредници во македонско-бугарската комисија