Радев од Рим порача дека не прифаќа странски посредници во македонско-бугарската комисија

Бугарскиот претседател Румен Радев не прифаќа европски историчари да се вклучат во работата на Заедничката македонско-бугарска комисија, јавуваат бугарските медиуми.

-Немаме потреба од посредници. Никој не ја познава нашата историја подобро од нас самите, изјавил Радев за бугарските новинари во Рим, на прашањето за предлогот европски историчари да се вклучат во заедничката комисија.

Ова, како што изјавил Радев, многу пати му го кажал на претседателот Стево Пендаровски.

-Комисијата ќе сработи за историјата, но најважно е ние, на високо политичко ниво да ги направиме неопходните чекори. Тие чекори не минуваат низ другите европски престолнини и од таму да се изврши притисок врз Бугарија. Во никој случај. Вистинскиот чекор е еден – во Софија. Тогаш ќе се решат сите проблеми. Ние треба да бараме одржливо и неповратно решение, изјавил Радев за бугарските новинари во Рим.

Претходна вестШилегов и Богдановиќ се пофалија со зеленило, за ВМРО-ДПМНЕ тоа се жардињери, а не проекти
Следна вестМал пораст на новозаразени -53 во 24 часа, бројот на починати е 13