Мал пораст на новозаразени -53 во 24 часа, бројот на починати е 13

Во последните 24 часа се направени 2.691 тестирања, а регистрирани се 53 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 29, Прилеп – 7, Куманово – 4, Битола, Гостивар, Охрид и Кичево – по 2,Тетово, Кочани, Радовиш, Берово и Валандово – по 1.

Пријавени се вкупно 13 починати лица: 5 лица од Скопје (51г,63г,68г,81г и 88г), 3 лица од Струмица (62г,74г и 88г), 2 лица од Битола (68г и 82г) и по едно лица од Тетово (71г), Гостивар (80г) и Струга (81г).

Од пријавените, 4 лица  се починати  во домашни, а останатите 9 во болнички услови.

Регистрирани се 111 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.169, бројката на оздравени пациенти е 147.301, на починати е 5.369, а бројот на активни случаи изнесува 2.499, од кои 1.000 во Скопје.

Претходна вестРадев од Рим порача дека не прифаќа странски посредници во македонско-бугарската комисија
Следна вестСледната недела можно е да „паднат“ маските на отворено и полицискиот час?