Германскиот канцелар, Олаф Шолц, како дел од својата дводневна турнеја низ регионот денеска ќе пристигне во Скопје, во прва официјална посета на Maкедонија.
Како што информираат од владината прес-служба, Шолц и неговата делегација на платото пред Владата ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски, со церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.
Според агендата, после церемонијата на пречекот, предвидена е тет-а-тет средба со Ковачевски, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.
Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со нашиот премиер.
Шолц вчера ги посети Приштина, Белград и Солун.
По посетата на Скопје, германскиот канцелар заминува и за Софија. Се очекува теми на состаноците да бидат бугарската блокада на евроинтеграцијата на Македонија, проширувањето на ЕУ и војната во Украина.