„Браво мајсторе“, „Ти ќе бидеш најдобар градоначалник“, „Оти порано не дојде, за да го немаме ова ѓубре“, „Така се работи“, „Ти си добар менаџер“ се дел од коментарите на синоќешната Фејсбук објава на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со видеа и и слики од акцијата „72 часа за чистење на Скопје“.
Има и коментари од граѓани кои сметаат дека ова акција е само политички маркетинг: „Паркингот пред салата Борис Трајковски го претворија во саем на владата или, ако сакате скопски панаџур”, „Епа кај нас на улица се уште не е чисто изгледа заборавени како да сме. Лепрозни ли сме“, „Орце и Чаир е Скопје доста само чистете во Центарот, пуштете некој камион и по споредните населби“, коментираа некои од граѓаните.
Има и тукави коментари каде што на градоначалникот му пишуваат идеи што треба идно да направи.
Се што му напишаа граѓаните на Орце на Фејсбук може да прочитате на линкот подоле.



