Вкупно осум возачи вчера биле казнети поради поминување на црвен сигнал од страна на полицијата во рамките на редовните контроли на скопските сообраќајници. Поминување на црвено на семафор е многу опасна работа – што ли си мислат во тој момент „мангупите“ кои го игнорираат сигналот?
Уште поважно е што си мисли полицијата? Ќе направи ли посилен обид да ги дисциплинира „мангупите“?
Инаку, МВР денеска соопшти дека во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки.
– Меѓу нив, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 91 санкција, седум за возење без возачка дозвола, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци, а имаше и три санкции за користење мобилен телефон, осум за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири за некористење сигурносен појас и 14 за непрописно паркирани возила, се наведува во соопштението.
Полицијата уверува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.