Што за еврокомесарот е „немаме време за губење“?

Македонија пак чека што ќе решат во ЕУ. Ќе добие датум кога ќе почне да тече датумот за преговори со унијата или пак нема да го добие датумот кој и се ветува многу години?

И така. Датумот е тука ама го нема. Од друга страна ги има сеприсутните еврокомесари кои доаѓаат во Скопје и ни даваат надеж дека датумот е на дофат. А времето си врви, децении поминаа…

Последен дојде еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и ни порача – Македонија нема време за губење.

-Ја почнав посетата на Македонија со средба со премиерот Димитар Ковачевски. Македонија е дел од Европа! Немаме време за губење, треба да се забрза процесот, истакна Вархеји.

Добра поента е ова со немањето време за губење. Но, ќе се одговори ли еднаш кој е тој што го арчи времето на Македонија? Кој прави Македонија цели 17 години да не може да ги започне преговорите за членство во ЕУ откако во 2005 години го доби статусот на земја-кандидат? Што направи ЕУ за да не се губи времето? Кога ќе го ценат сето она што до сега го направи Македонија за да не губи време чекајќи го датумот?

Еврокомесарот Вархеји треба за сите овие работи да се запрашува, да си дава одговор. Па наместо да кажува дека е разочаран и дека Македонија нема време за губење, треба да ни каже што ЕУ ќе направи да запрат разочарувањата, да запрат оние кои и го трошат времето на Македонија и да дојде времето кога ќе се почитуваат демократските принципи кои токму ЕУ го пропагира, фали…

Или тој можеби друго подразбира под „немаме време за губење“?

Претходна вестКонстантин Димитров: Ако не платиме – нема гас, ТЕ-ТО нема да произведува струја со поевтина цена
Следна вестМаслото за јадење „Брилијант“ поскапе од 115 на 135 денари