Маслото за јадење „Брилијант“ поскапе од 115 на 135 денари

 

Цената на маслото за јадење „Брилијант“ се зголеми за 20 денари и во иднина наместо досегашните 115 ќе се продава по 135 денари. Ваква одлука донела фабриката „Брилијант“ а според директорот Коста Ташков новата цена е резултат на покачувањето на суровината.

-Новото сурово масло кое е набавено од Бугарија, Романија и Украина чини околу 2.200 евра за еден тон, а пред три до два месеца суровото масло на светските берзи се движело од 1.200 до 1.500 евра за тон, изјави Ташков а пренесе државната агенција МИА.

На прашањето дали ќе има ново зголемување на цената на маслото за јадење, Ташков одговори дека тоа ќе зависи од цената на светската берза. Тој смета дека во моментов кризата со зејтинот се смирува поради увозот од Србија и апелира граѓаните да не прават залихи.

Со поскапувањето, „Брилијант“ ја изедначи цената на зејтинот со онаа на останатите македонски производители. Анализите покажуваат дека македонските граѓани месечно трошат околу два и пол милиони шишиња зејтин.

Претходна вестШто за еврокомесарот е „немаме време за губење“?
Следна вестБеше ли тероризам настанот од 27 април?