Договорена нова голема инвестиција во соседна Србија. Имено, „Фиат“ ќе произведува електричен автомобил во Крагуевац, а производството се очекува да почне во 2024 година.
Договорот со корпорацијата „Стелантис“ предвидува инвестиција вредна 190 милиони евра, при што Србија ќе инвестира свои 48 милиони, истакна српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со претставниците на „Стелантис“.
-Потпишавме договор за финансирање електричен автомобил што ќе се произведува во Крагуевац. Има преоден период до 2023 година, а од почетокот на 2024 година ќе почнеме со производство на еден модел на електричен автомобил, рече Вучиќ.
Со ова Србија само се зацврстува на лидерската позиција по странски инвестици во поширокиот регион.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:


