Темен режим Режим на светлина

124 нови случаи на Ковид-19, нема починати

 

Во последните 24 часа од направени 1.798 тестови,  регистрирани се 124 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 67, Битола – 24, Прилеп – 8, Охрид – 5, Берово – 4, Тетово и Кичево – по 3, Куманово – 2, Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица, Кочани, Ресен, Делчево и Кратово – по 1. Од вкупниот број на позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции.

-Регистрирани се 114 оздравени пациенти од: Скопје – 66, Битола – 21, Берово и Тетово – по 4, Куманово и Струмица – по 3, Прилеп, Кавадарци, Штип и Радовиш – по 2, Кичево, Велес , Ресен, Делчево и Македонска Каменица – по 1, се наведува во соопштението.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“ не се пријавени  починати лица.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.434, бројот на оздравени пациенти е 299.653, на починати е 9.278, а бројот на активни случаи изнесува 503.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Донфрид: Предолго се одолговлекува маѓувладината конференција

Следна објава

Уапсени тројца скопјани кои го запалиле „аудито“ на Шилегов