По повод Европската недела за намалување на отпадот, на 22 ноември, со проекција на филмот „Il etait une foret – Си беше една шума“, почнува првата манифестација во Кинотека на Македонија, „Соларни кина“.
На настанот ќе биде промовирана и т.н. еко-иновација „Мобилна станица за селекција“, која овозможува селектирање на 6 вида отпад хартија, пластика, текстил, батерии, стакло и лименки. На станицата ќе има приклучено соларни панели кои овозможуваат кино проекции.
Влезот во Кинотеката ќе биде отворен од 11 часот, а како влезница потребно е посетителите да носат нешто што може да се рециклира, односно, хартија, пластика, текстил, батерии, стакло и лименки, како и ковид сертификат. Проекцијата на филмот почнува во 12 часот.