„Данте 700“ и брилијантниот Симон Трпчевски во четврток ја отвораат новата концертна сезона на Филхармонија наречена „Филхармонија во движење”.
Почнува во 20 часот, а на програмата се две дела од Франц Лист, под диригентската палка на Габриел Бебешелеа.
-Овој концерт се реализира на покана на Габриел со кој досега сме имале повеќе заеднички настапи во различни делови на светот, но ова ни е прв во Македонија. Станува збор за голем професионалец, музичар, кој ќе понуди многу свежина во програмскиот концепт на Филхармонија. Програмата на концертот „Данте” е целосно изградена на опусот на Лист, неговиот Концерт бр. 2 е исклучителен како и целокупниот негов опус, има многу иновации во формата и во начинот на кој го претставува пијаното, вели Трпчески.
Македонската филхармонија соопшти и дека подготвува нова веб страница која наскоро ќе биде промовирана.