Синодот на МПЦ-ОА: Продолжуваат разговорите со СПЦ

Најава за продолжување на преговорите со Српската православна црква за уредување на конечниот статус и Благодарност до Вселенскиот партијарх Вартоломеј за вчерашната одлука, искажа денеска Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА). Синодот на својата денешна вонредна седница посвети посебно внимание на актуелните настани што се однесуваат на воспоставувањето на евхаристиската заедница на ерархијата, клирот и народот на МПЦ – ОА со Православните Помесни Цркви како и за конечниот автокефален статус на нашата Света Црква.

-САС на МПЦ – ОА изразува најсрдечна благодарност на Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј за Патријаршискиот и Синодален акт за канонско и евхаристиско единство на нашата ерархија, при што, прифаќањето е со еклисиолошкото име со што се обезбедува вековниот црковен континуитет, се наведува во соопштението од седницата.

Синодот ја известува јавноста дека продолжуваат разговорите со Српската православна црква до уредувањето на конечниот статус на нашата Црква, како и по препорака на Цариградската Патријаршија, која во рамките на светоканонскиот чин и црковно предание треба да се уредат управните прашања помеѓу двете Цркви.

Синодот на оваа седница одлучи да се канонизираат двајца македонски преродбеници олицетворени во личностите на Јоаким Крчоски и Кирил Пејчиновиќ – Лешочки.

Претходна вестОпозицијата бара вонредни избори, власта предлага промени на Изборниот законик
Следна вест115 новозаразени од корона вирусoт, нема починати лица