Темен режим Режим на светлина

Синоќа загадувањето во „црвено“: Во Скопје најстрашно во Лисиче, Тетово и Кичево “лидери„ во Македонија

Загадувањето на прагот на зимата ни се заканува дека борбата со него ќе ја гледаме и следниве месеци. Мерните станици во Скопје синоќа беа обоени во црвено, знак дека главниот град се гушеше. Според параметрите на измерени отровни ПМ честички, најалармантна беше ситуацијата во Лисиче, каде беа измерени 107 ПМ10 честички на метар кубен, или многукратно повеќе од дозволеното.

Но не е загадено само Скопје. Тетово, како и лани ова време, така и сега е во врвот по присуство на опасните честички, кои не смееме да ги вдишуваме. Таму синоќа се измерени 165 ПМ10 честички на метар кубен. И во Кичево не е подобро, регистрирани се 156 ПМ10 на метар кубен, потоа е Велес 109, а во Гостивар 107.

Изутрината параметрите се намалени. Тоа значи дека денот го почнуваме со почист воздух. Па така, во Скопје, за разлика од синоќа, Лисиче не е во црвената зона. Неговата позиција по загаденост во главнинот град ја презема Центар, каде се измерени 74 ПМ10 на метар кубен, заради што е прикажан со предупредувачка, портокалова боја.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Нови 190 случаи на коронавирус, починаа 14 лица

Следна објава

„Пешачкиот премин е за слободно минување, а не за смрт“: Порака од пријателите на Тамара Тодоровска на 23 декември