Сите дојави за бомба во седум скопски училишта биле лажни

Денешните дојави за поставени бомби во скопски училишта се лажни, соопшти МВР.

МВР ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави.

-Седум училишта на територија на Скопје добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа. Утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки.

Претходна вестЌе чекаме ли куче да касне некого од раководството на Град Скопје?
Следна вестФатен како краде 400 килограми плочки за пруга