Ќе чекаме ли куче да касне некого од раководството на Град Скопје?

Каде и да прошеташ низ Скопје ќе видиш кучиња. Едни шетаат со сопствениците, а други се шетаат сами каде ќе посакаат. Овие вторите неретко стануваат проблем, а за жал и самите животни се изложени на насилство. Зошто ова не се решава?

Кучињата скитници заслужуваат да бидат згрижни. Секако, заштита треба да добијат и скопјани кои во последно време повторно се жртви на бран од каснувања од такви кучиња.

Пред некој ден МВР наведе дека имало три каснувања од кучиња скитници во Скопје и тоа за помалку од 3 часа. Тоа е загрижувачко и мора да се реагира посоодветно од надлежните институции.

Каде треба да се реагира? Еве што МВР посочи од наведениот случај: Првиот напад е регистриран во 12 часот кога 59-годишна жена од Скопје, пријавила дека во близина на Железничката станица во Скопје била касната од куче скитник. Потоа, во 15.50 часот 70-годишна жена од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Цанкар“ била касната од куче скитник. Третиот случај е пријавен во 18.20 часот од страна на 46-годишник од Скопје, кој пријавил дека бил каснат од куче скитник на Кеј „13-ти Ноември“.

Неколку дена претходно на 11 овој месец 44-годишен скопјанец и две малолетни лица биле искасани од кучиња скитници.

Каснување од куче е регистрирано и завчера, поточно во 13.00 часот во Полициската станица Аеродром, В.Х.(72) од Скопје пријавил дека во близина на Железничката станица во Скопје бил каснат од куче скитник.

Примери можат да се наведат уште многу од претходните денови, месеци… Тоа мора да ги алармира надлежните и да излезат на терен. Впрочем, дека проблемот е голем посочуваат и од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според анализите од МВР кои ги побара ЦУК во последните три години во Скопје, имало 1 853 напади од кучиња.

Излез од ова ветуваат сите и од претходната ио од оваа градска власт. Ама…  Дали е доволно само да се кажува дека е отворен стационарот за бездомни животни „Лајка“, каде требаше да бидат вдомени1970 бездомни кучиња? Што друго мора да се направи? Размислува ли за тоа некој во надлежните институции или ќе чекаме нив да ги касне куче па да се сетат?

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Жерновски зема плата од 1.000 евра месечно за градба на Клинички центар кој не се гради
Следна вестСите дојави за бомба во седум скопски училишта биле лажни