Досега нема случај некој од Авганистан да побарал политички азил кај нас. Сите лица за кои се подготвуваме да ги пречекаме и за кои сме дале потврда дека сме подготвени да ги примиме, ќе добијат статус на времен престој од 90 дена преку издавање на виза за време на престој од три месеци, иако за некои од нив имаме најавено дека веднаш заминуваат, некои за 10-15 дена.
Вака денеска одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање каков статус ќе имаат лицата кои во земајава ќе пристигнат од Авганистан, дали ќе бидат бегалци, азиланти…
– Зошто ние по глава на жител ќе примиме повеќе хуманитарци, миротворци, активисти за човекови права, новинари, локално вработено население на ОН, на НДА, на ИРИ и на многу организации за човекови слободи, прави и демократии и слично? Веројатно поради тоа што имаме поголемо срце во моментот од сите други, заради тоа што чувствуваме поголема хуманост од сите други, веројатно заради тоа што нашиот регион поминал своевидни трауми во блиско минато, поблиско од другите земји, па знаеме колку е важна помошта кога може некој да ти подаде рака, да ти помогне, посебно заради тоа што навистина ги знаеме сликите од фундаменталистички напливи што значат одземање животот, сите страотни сцени што ги имаме видено, се со конечна цел да подадеме рака и да помогнеме, истакна Заев.
Псоочи дека трошоците ќе ги покријат соодветните организации, САД, невладините организации, како НЕТ, Фондација Отворено општество, ИРИ,…
Засега нашите трошоци се за превоз до хотелите, вакцината, ПЦР – тест, бесплатен здравствен преглед.