Скопјанец агресивно се однесувал кон полицајци, имал и нож

Скопјанец бил приведен на Плоштад Македонија бидејќи агресивно се однесувал кон полицијата. Кај него бил пронајден и нож.

– На 29.03.2023 во 21.50 часот на Плоштад Македонија од полициски службеници од Полициската станица Центар бил приведен Б.Г. од Скопје поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а исто така при извршен преглед кај него бил пронајден и одземен нож, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Претходна вестПопот Антим Поповски и се борел против фашистите и во 1943 година работел на возобновување на МПЦ
Следна вестДенеска посебен сообраќаен режим во Скопје