Скопјанец пријавил во полиција: Го нападнал и со возило му ја прегазил ногата

28-годишен скопјанец во полиција пријавил дека по расправија, бил нападнат од едно лице кое со возило му ја прегазило ногата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Синоќа во 19.40 часот во СВР Скопје, Б.Д.(28) од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице кое со возило му ја прегазило ногата, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Претходна вестНови сто илјади евра од министерството на Груби за „Арбериа дизајн“ за годишнината од Рамковниот договор
Следна вестИсторичарот Чепреганов: Македонците во Бугарија уште во 1923 година го славеа Илинденското востание, тогаш бугарската држава не чествуваше