Скопјанец со својот „сеат леон“ излетал од патот кај Бучим, возачот тешко повреден
Едно лице е потешко повредено во сообраќајката што се случила синоќа кога на магистралниот пат Радовиш-Штип во близина на раскрсницата за с.Бучим патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М(41) од с.Огњанци-Петровец, излетало надвор од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото и бил пренесен во Клинички центар Штип. Известен е јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.