Скопје доби биокомпостара која за 24 часа ќе преработува еден тон биоразградив отпад

Промовирана е нова биокомпостара за ефикасно компостирање на органскиот отпад, соопшти денеска Градот Скопје. На промоцијата на која учествуваа градоначалничката Данела Арсовска, заедно со екипи од скопските јавните претпријатија, беше кажано дека компостарата е дел од системските решенија за третирање на биоразградливот отпад и произведување природно ѓубриво за зелените површини во градот. Истовремено, со биокомпостарата се овозможува ефикасно решение за справување со проблемот со органскиот отпад за домашна, комерцијална и индустриска употреба, при што низ процесот на компостирање, сите видови органски отпад се претвораат во висококвалитетен компост.

-Оваа нова автоматска биокомпостара е со капацитет на преработка од 1000 килограми биоразградлив отпад за 24 часа и со користење на еко аеробен метод при што се добива високо квалитетен компост подготвен за употреба во рок од 3 до 7 дена.  Со овој начин на третирање на отпадот, значителено се намалува неговиот волумен, односно 1000 килограми био отпад се трансформира во 150 до 200 килограми компост, што е намалување на волуменот за 80 до 85 проценти, со што се олеснува процесот за негово користење и складирање. Исто така, со процесот на компостирање значително се намалуваат трошоците за управување со отпадот, со тоа што од органскиот отпад се добива висококвалитетен компост за соодветна употреба во скопските јавни претпријатија, соопшти Градот Скопје додавајќи дека продолжува реализација на проекти од програмата „За модерно Скопје“.

 

Претходна вестДелегација на ЕУ: Признавањето на пасошите со старото име е работа на секоја земја членка одделно
Следна вестНе треба да се чека: Платата на Бујар Османи мора да се покачи