Само на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден се казнети 139 мерки возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи.
Дури 31 од нив возеле пребрзо, осум немале возачка дозвола и двајца биле пијани. Меѓу казнетите има и такви кои возеле нерегистрирани и технички неисправни возила (2 казни), петмина поминале на црвено.
Од другите казни има и 12 за користење на мобилен телефон за време на возење, три не носеле сигурносен појас и 46 казни се за непрописно паркирање.
Доколку планирате низ Скопје да се движите со автомобил, почитувајте ги правилата, бидејќи засилените полициски контроли продолжуваат.