„Скриени желби, немирни патувања“ делото на писателот Владимир Јанковски е национален претставник за меѓународната книжевна награда „Балканика“.
„Балканика“ ќе се одржи на 26 и 27 октомври, а ќе се доделат награди за две години, заради ковид – пандемијата.
За книгата на Јанковски одлучила комисијата во состав: проф. д-р Елизабета Шелева, претседател, проф. д-р Александар Прокопиев, член, и Блаже Миневски, член.
Досегашни добитници на наградата од Македонија се Венко Андоновски со „Папокот на светот“ и Александар Прокопиев со „Човечулец“.