Слаб земјотрес почувствуван во Виница

Земјотрес од 2,4 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван синоќа во Виница.

Земјотресот се случил 21 минута по полноќ, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот се наоѓа на 100 километри источно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово.

Претходна вестУчебниците кои фалат нема ни да стигнат? Спасевска до МОН: До крај на септември учебник за секое дете, или кривични пријави!
Следна вестЗа само еден ден санкционирани 141 возач во Скопје