За само еден ден санкционирани 141 возач во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 14 за возење без возачка дозвола, седум за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, пет за некористење сигурносен појас, 12 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 43 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Претходна вестСлаб земјотрес почувствуван во Виница
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Заев, Филипче и Хасани треба да си одат и да ја ослободат истрагата