Слупчанци сега бараат да им се простат долговите за струја, да не плаќаат сметки повисоки од 3.000 денари, бесплатни приклучоци за нови куќи…

Екипите на ЕВН повторно не можат да влегуваат во липковското село Слупчане чии што жители сега поставуваат бројни услови за да продолжат интервенциите на електро-мрежата.

-На нашите екипи повторно не им е дозволено да работат на мрежата, соопшти денеска ЕВН.

Пред околу три недели мештаните не дозволија влез на екипите во селото и покрај фактот дека загубите на струјата во него изнесува дури 80 проценти, а наплатата само 20 отсто. Договорот беше постигнат по средбите на жителите со министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи. Но, проблемите се појавија повторно денеска.

ЕВН денеска до медиумите ги испрати и барањата на жителите на ова село кои се услов за да екипите може да продолжат со работите.

Во документот испратен до ЕВН преку општина Липково во 14 точки се бара за нив да не важат правилата кои треба да ги почитува секој граѓанин односно потрошувач

-Не прифаќаме мерните уреди да се постават надвор од куќите. Се додека ова не се случи во цела Северна Македонија, не дозовлуваме ние да бидеме исклучок; Да им се простат старите долгови на корисниците на ЕВН од Слупчане; На секој крај од селото, каде ќе се гради куќа, да му се обезбеди електрична мрежа од страна на ЕВН Македонија, не граѓанинот повторно да плаќа илјадници евра за бандери; Да се постави ограничена цена од 3.000 денари по семејство, без разлика на потрошените киловати; Цената да биде иста и по потрошувачката од 700 киловати од страна на потрошувачот, а не оваа цена да се дуплира; Верските објекти да бидат ослободени од плаќање струја“, се само дел од условите на жителите што ги објави агенцијата „Макфакс“.

Претходна вестНе е проблемот во распустот, образованието од друго си пати
Следна вест„Беше како да пропаѓа светот, а тврдеа дека сме безбедни“, исповед на туристи за пожарите во Грција