Обилните врнежи од снег во целата држава ги одложуваат денешните пет натпревари од 19-то коло во Првата македонска фудбалска лига, соопшти претпладнево ФФМ.
Дуелите Борец – Шкупи, Ренова – Беласица, Вардар – Пелистер, Силекс – Шкендија и Струга Трим – Македонија ЃП, што беа закажани за попладнево од 14 часот, ќе се одиграат идната недела во истиот термин.