Со четирицикл излетал од патот, тешко повреден маж

На 05.09.2020 во 18:45 часот на локален пат с.Бачиште кон с.Грешница четирицикл „шинерај“ без регистарски ознаки, управуван од А.Љ.(31) од с.Грешница, кичевско излетал од патот.

А.Љ. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Кичево.

Претходна вестКазнети 466 лица, не носеле заштитни маски
Следна вестСкопјанец лишен од слобода, на „Партизанска“ носел марихуана