Со Митревски ракометарите се комплетираа на подготовките

Денеска последен на подготовките во Стара Пазова, Србија пристигна голманот и капитен, Никола Митревски. Тој доцнеше поради клупски обврски во Порто.

Со тоа Кире Лазаров, селекторот на македонската ракометна репрезентација, на располагање ги има сите играчи кои ги повика на подготовките за настап на Европското првенство (ЕП) во Германија во јануари.

На подготовкиѕе во Србија, Стручниот штаб главно внимание и’ посветува на физичката подготвеност на ракометарите..

Првата проверка Македонија пќе ја има против Црна Гора. Пред заминувањето за Дизелдорф, македонските ракометари ќе одиграат уште два меча со Грција во Скопје.

Претходна вестЛина Ѓорческа на 8 јануари ги почнува квалификациите на Австралија опен
Следна вестАбердин треба да стори се’ за да го задржи Миовски