Приведено е едно лице во Скопје под сомение дека пукало со огнено оружје на семејна веселба, соопшти полиција.
МВР информира дека на 15.10.2022 во с. Волково, Скопско, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров го лишиле од слобода В.З.(53) од Скопје поради сомнение дека околу 18.20 часот во селото пукал на семејна веселба.
-Кај него била пронајдена и одземена пушка „Застава М59/66“ калибар 7,62 џ39 мм, додека на местото биле пронајдени повеќе чаури од испукани куршуми. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




