Со тешки метали отруена сопругата на началникот на украинското воено разузнавање

Сопругата на началникот на военото разузнавање на Украина, Кирил Буданов, Маријана, била отруена, објави украинскиот весник „Бабел“, повикувајќи се на разузнавачки извор. Буданова е хоспитализирана откако и се влошила здравствената состојба.

– Маријана Буданова е отруена со тешки метали. Жената е во болница. Овие супстанции, тешки метали, на никаков начин не се користат во секојдневниот живот или во воените работи. Нивното присуство може да укаже на намерен обид за труење на одредена личност. Почната е истрага за можниот обид за убиство на сопругата на Буданов, ја цитира весникот изјавата на својот соговорник.

Кирил Буданов е на чело на Украинската воена разузнавачка служба од август 2020 година и го замени Василиј Бурба на таа позиција.

Претходна вестУкраинскиот министер Кулеба нема да дојде на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје
Следна вестГрција ги побара скулптурите од Партенон од Велика Британија, Сунак ги откажа разговорите со Мицотакис