Темен режим Режим на светлина

Со „туарег“ полн со 17 мигранти удрил во семафор во Струмица, тешко повредени две лица

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди откако возилото „фолксваген туарег“ во кој имало 17 мигранти удрило во семафор прексиноќа во Струмица. МВР соопшти дека во возилото со кое управувал Н.Б.(45) од село Блаце, општина Чучер Сандево имало 6 малолетници. До незгодата дошло кога жител на Блаце возејќи со голема брзина преку тротоар удрил во семафор кој се наоѓа на крстосницата на улиците „Климент Охридски“ и „Братство Единство“ во Струмица, а кој бегал од полицијата бидејќи во возилото превезувал мигранти.

Како што може да се види на видеото кое на фејсбук го сподели порталот Дрнка.мк, а кое е снимено од безбедносна камера поставена на некој објект, по ударот возачот на „туарегот“ почнал веднаш побегнал од возилото, додека 17 мигранти полека почнале да излегуваат од автомобилот, но набрзо биле приведени од полицијата.

– На 20.08.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосница од улиците „Климент Охридски“ и „Братство Единство“ во Струмица, едно лице управувајќи патничко возило „фолксваген туарег“ со возилото удрило во семафор, по што возачот на возилото побегнал од местото на настанот, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот Н.Б. и уште едно лице мигрант, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Струмица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Триесетина поети од девет земји учестуваа на 35. Поетска ноќ во Велестово

Следна објава

Во Аеродром ќе се постави рекорд по брзо градење