Со закана со нож ја ограбиле спомен куќата на Мајка Тереза

Со закана со нож двајца разбојници насилно влегле и ја ограбиле спомен куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје, соопшти МВР.

-На 12 мај полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.М.(22), Д.Ќ.(44) и малолетник, сите од Скопје. Тие се сомничат дека во 11.25 часот извршиле разбојништво во Спомен куќата на Мајка Тереза на ул.„Македонија“, при што со закана со нож кон вработената, одзеле пари, соопшти полицијата.

Тројцата се приведени во полициска станица, кај нив се пронајдени одземените пари и вратени кај оштетената. За случајот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестДоговорот за платите сега ќе чека вторник
Следна вестНестабилно со пороен дожд и грмежи