Сончево и многу топло време со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер, предвидуваат синоптичарите за денеска на скопското подрачје. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Слично време се очекува и на подрачјето на целата држава. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Вредноста на УВ – индексот ќе биде 9.
До среда ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Потоа во четврток и петок ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со врнежи пороен дожд проследен со грмежи ќе има за време на викендот.