Сончево и топло, попладне можни се грмежи и пороен дожд

И денеска времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Метеоролозите најавуваат и умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне во делови од скопската котлина ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Слично време ќе го зафати и останатиот дел од Македонија. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Утре и во следните денови во попладневните часови на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

Претходна вестГоривата поевтинуваат до 3,5 денари
Следна вестЛокализиран пожарот кај селото Фурка, во земјата има уште активни жаришта