Сончево и топло, температура до 23 степени

На подрачјето на Македонија времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 22 степена.

Според УХМР, до петок ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност.

Во сабота ќе има зголемена облачност, а од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно, ветровито и значително постудено време со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, особено во јужните и источните делови.

Претходна вестИнфективна се затвора на две недели – ќе се чисти и дезинфицира, не се исклучува и нов бран
Следна вест125 сообраќајни прекршоци во Скопје, 25 направиле пешаци