125 сообраќајни прекршоци во Скопје, 25 направиле пешаци

На територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои 25 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, соопшти денеска МВР.

Во информацијата за вчрашните контроли на скопските сообраќајници се наведува и тоа дека за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 29 санкции и девет мерки за возење без возачка дозвола.

-Изречени се три мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за нерегистрирани возила…, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, предупредуваат од МВР.

 

Претходна вестСончево и топло, температура до 23 степени
Следна вестНеделков: МТСП се обидува да ги заплаши штрајкувачите во градинките