Утрово сонцето ги растерало облаците. Метеоролозите предвидуваат дека времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во западните делови од Македонија со засилен западен ветер.
Локално ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Попладне времето постепено ќе се стабилизира. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во текот на денот со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени.