Ги интересираат ли само изборните бројки или и страшните цифри од короната?

Деновиве бројките се главна вест и преокупација во Македонија. Пред се оние изборните бројки, а како по страна да се ставаат огромните цифри на новозаразени од вирусот, но и за жал и на починати пациенти.

Состојбите со ширењето на корона вирусот во Македонија стануваат се позагрижувачки. Само вчера имаше алармантни нови 241 случај позитивни на корона вирусот.

За потсетување, здравствените власти предвидуваа дека во Македонија за време на целата пандемија ќе има заболени до 2000 лица. Вчера вкупната бројка од почетокот на епидемијата се искачи на дури 9026 лица. Не е ова алармантно? Колку сето ова предизвикува дополнителна загриженост на нашите здравствени и владини органи? Растрчани ли се на терен?

Текстилните фабрики во Штип и Св. Николе се темпирани бомби. Ги контролира ли некој посериозно дали работат според сите протоколи? А може треба и нови протоколи, се разгледува ли тоа?

Корона алармот вришти на најсилно. Само глувите функционери сега би зеле одмор или би се фокусирале само на постизборието.

Но, глуви за алармот се и голем дел од граѓаните. Никако да станат подисциплинирани и да се заштитат од вирусот. 

До сега во светот ниту една држава не се справила со пандемијата ако цело време ги брои изборните резултати, а пред тоа безбројните изборни ветувања. Но, има неколку држави кои поради запоставеноста на борбата со короната заради избори сега страдаат.

Претходна вестГрадоначалниците се растрчаа предизборно, зошто не прават така цела година?
Следна вестВториот бран пак мавна: 8 пациенти починале од вирусот, новозаразени се 127 лица