Сончево со слаб ветер, температура до 17 степени

Студеното утро во Скопје ќе го замени сончев и релативно топол ден. Ќе има умерена облачност и слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Во останатиот дел од Македонија времето утрово е студено, од -6 до 2 степена, а преку ден се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност со слаб претежно јужен ветер и температура од 12 до 19 степени.

Матеоролозите најавуваат дека во следниве денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневните температури. Утринските температури уште денеска на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината, а потоа и тие ќе се покачуваат. 

Претходна вестНововработени се паркирале во „Градски паркинг“иако има превработеност
Следна вестСиноќа полицискиот час го прекршиле 36 лица