Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне претежно во северените делови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, соопшти УХМР.
Ќе дува умерен, а вдолж Поварадарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната од 23 до 32 степена. УВ=6
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне умерено до значително облачно со краткотраен дожд. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за неколку степени.
Во сабота во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд, а во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.