ВМРО-ДПМНЕ бара вонредна седница на Советот на Скопје за спас на јавниот превоз

Вонредна седница на Градскиот Совет на Скопје побара денеска советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Целта е да се најде решение за јавниот превоз во градот.

– Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи неспособното и неодговорно однесување на Владата, Град Скопје, градоначалничката и раководството на ЈСП да ги остави граѓаните, студентите, учениците, пензионерите без јавен превоз и како советничка група бараме итна вонредна седница за спас на јавниот превоз, каде ќе доставиме одлука за префрлање средства на ЈСП и приватните превозници, соопштија советниците.

Од оваа советничка група додаваат дека на граѓаните им се заканува да останат без јавен превоз.

-Очигледно дека власта на СДС и ДУИ потонаа во медарството на Данела Арсовска. Од многу заедничко медарање скопјани може да останат без јавен превоз. Ете така изгледа кога коалицијата Арсовска, СДС, ДУИ кохабитираат за Скопје, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестПромоција во Куманово на „Радоста на постоењето“ на Симона Петреска
Следна вестКовачевски со неколку министри летна за Обединетите Арапски Емирати по инвеститори